Османи: Македонија нема да ги признае руските референдуми во Украина


Хрватска против “лудите“ јапонци - 16 ден ↓↓↓



Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, изјави дека Македонија нема да ги признае руските референдуми во Украина бидејќи со нив не се урива само меѓународното право, туку и безбедноста на глобално ниво.

На брифинг со новинарите, тој изрази и загриженост што дел од граѓаните во земјава ја оправдуваат руската агресија, нешто што според него е против националните и државни интереси на Македонија како земја членка на НАТО. Османи истакна дека за земјава не постои никаква директна закана од соседството, но дека ваквите преседани го ставаат светот во ризик од нови војни и конфликит и токму затоа е важно Украина да победи.

-Многу е важно Украина да победи во оваа војна. Нема да признаеме никакви референдуми ниту резултати од такви референдуми. Ме чуди што 25 посто македонски граѓани сметаат дека руската агресија врз Украина е оправдана, тоа е против националните и државните интереси на нашата земја.- Бујар Османи – Министер за надворешни работи.

Османи се осврна и на минатонеделното присуство на Генералното собрание на ООН, за кое оцени дека било поинакво од претходните години. Односот и содржината на наративот кон Македонија според него, бележи квалитативна промена, односно од земја која бара поддршка за својата позиција, во земја од која се бара поддршка.

-Тоа е квалитативно важна разлика. Од земја која што обично на тие настани ги претставува своите проблеми, во земја на која што и се претставуваат проблемите на другите земји. И тоа се многу причини, поради тоа. Прво, се разбира нашето членство во НАТО, коешто ја менува веднаш меѓународна позиција на земјата. Второ, е почетокот на преговори. И тоа се забележуваше во Њујорк затоа што третманот го имавме како да веќе сме земја членка на Унијата,- Бујар Османи – Министер за надворешни работи.

Османи нагласи и дека тоа што за време на генералното собрание на ООН во Њујорк терминот за нуклеарна војна станал секојдневие во политичкиот дискурс, е опасно само по себе. Според него, тоа е прекин на психолошка бариера која светот го доведува чекор поблиску до таква можност и тоа треба да е алармантно.