Ужас во Русија: Вооружен маж уби девет лица и рани 20 во училиште во градот Ижевск (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најмалку девет лица, меѓу кои и деца, загинаа во престрелката што се случи утринава во училиштето 88 во Ижевск, Русија, пренесуваат од локалното Министерство за внатрешни работи.

Според првичните информации, напаѓачот се самоубил, а од полицијата потврдуваат дека има загинати лица.

„Полицијата веднаш го пронашла телото на човекот што отворил оган. Тој наводно извршил самоубиство. Во овој момент се знае дека во неговиот напад загинале девет лица, а околу 20 се повредени. Информациите се прецизираат“, се вели во соопштението.

Меѓу загинатите има двајца наставници и двајца работници од обезбедувањето. Персоналот и учениците се евакуирани од училишната зграда, соопштуваат руските власти.

Учениците и персоналот биле евакуирани за време на нападот во училиштето број 88 во Ижевск, а некои ученици се сокриле во училниците.

Така, на социјалната мрежа Телеграм се појави видео од ученици кои се кријат под клупи, пренесува „Раша тудеј“.

Училиштето се наоѓа во центарот на градот со околу 630.000 жители, во близина на зградите на централната власт.

Престрелката се случила во училиштето број 88, во кое има речиси 1 000 ученици и 80 наставници.