Енџи Катсаневас, ѕвездата на „Вистинските домаќинки од Солт Лејк Сити“, вели дека не излегува со никого по неодамнешната разделба со сопругот Шон Трухиљо.
„Апсолутно не“, одговори 52-годишната Енџи кога водителот Енди Коен ја праша за нејзиниот љубовен живот во емисијата „Watch What Happens Live With Andy Cohen“, емитувана во средата, на 4 ноември.
Зборувајќи за причините за разделбата, таа објасни дека луѓето се менуваат по три децении заеднички живот.
„Мислам дека едноставно, по 30 години, луѓето се менуваат. Се наоѓаш во таква ситуација… Разговарав и со татко ми за тоа, за прашањето: ‘Дали ова е само последица на тоа што сме заедно 30 години?’ Нормално ли е веќе да не чувствуваш поврзаност?“, рече таа.
Енџи се присети дека пред разделбата таа и Шон се однесувале како родители, но не и како брачен пар.
„Не излегувавме на состаноци и не си покажувавме љубов и нежност“, додаде таа.

Сепак, ѕвездата на „Браво“ му кажа на 58-годишниот Коен дека таа и Шон сега се согласни дека добросостојбата на нивната ќерка Електра е најважна.
„Давам сѐ од себе. Заедничката грижа за ќерката ни оди одлично. Заедно се маскиравме за Ноќта на вештерките. Неодамна бевме и на заедничко патување“, рече Енџи.
На прашањето дали таа и Шон и понатаму добро се согласуваат, одговори: „Да, да. Сепак, зад нас се 30 години заедно и тешко е да се одвоиш од тоа. Тешко е да излезеш од рутината што сте ја имале 30 години. Тоа што нашата ќерка ни е на прво место значи дека и понатаму вечераме заедно“.
Во септемвриско интервју за Us Weekly, Енџи откри дека седмата сезона на „Вистинските домаќинки од Солт Лејк Сити“ ја прикажува во период кога била на вистинска животна крстосница и размислувала дали е најдобро да го заврши бракот.
„Мислам дека долго време молчев за работите низ кои минував за да можам да бидам тука за другите. Сега стигнав до точка кога поотворено зборувам за она што се случува. А понекогаш тоа ги прави работите потешки, бидејќи во моментов се трудам да бидам тука за ќерка ми“, изјави таа.
Извор: US Weekly