Home Шоубизнис Сите четири деца на Канје Вест го поддржаа на ревијата во Лос Анџелес

Сите четири деца на Канје Вест го поддржаа на ревијата во Лос Анџелес

Модната ревија на Канје Вест за Јизи

Канје Вест ја имаше поддршката од семејството на вечерта кога ја претстави својата нова модна колекција.

Раперот, познат по хитот „All of the Lights“, на 49-годишна возраст ја претстави новата колекција на „Јизи“ во средата, на 4 ноември, во Лос Анџелес.

На ревијата присуствуваа сите негови четири деца: Норт (13), Сејнт (10), Чикаго (8) и Псалм (7). Контроверзниот рапер ги има децата од бракот со поранешната сопруга Ким Кардашијан, која истата вечер беше забележана во Њујорк во друштво на долгогодишен познат пријател.

Од ревијата на Јизи во Лос Анџелес

Поддршка му даде и неговата сопруга Бјанка Ценсори, која на ревијата се појави во комбинезон со исклучително длабоко деколте.

Меѓу познатите гости беа и Биг Шон, Кинг Комбс, Ту Чејнз, Квенлин Блеквел, Кид Кади, Рич д Кид, АСАП Наст и Натали Нан.

Од модната ревија на Канје Вест
Претставување на новата колекција на Јизи
Од ревијата на Јизи во Лос Анџелес

Ревијата, насловена „Season 01“, го означи враќањето на „Јизи“ по четиригодишна пауза. Претходната модна ревија на Канје се одржа во Париз во 2022 година.

Наместо да чекорат по модна писта, моделите се движеа во круг околу голем бел рид.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Клои Кардашијан и Крис Џенер раскажаа како го затекнале Ламар Одом на оргија

Крис Џенер и Клои Кардашијан открија нови детали за ноќта кога, барајќи го Ламар Одом во п…