Понеделничка временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Последниот септемвриски понеделник во Македонија носи променливо облачно време со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Попладне најпрвин во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат пообилни (над 25 л/м2).

Во Скопје променливо облачно, во попладневните и вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура во Скопје ќе биде 22 Целзиусови степени, Маврово 16, Охрид и Битола 23, Крива Паланка 22, Берово 22, Кавадарци 25, Дојран 26.

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 14 до 23 степени.