„Што ме прашувате мене за Халанд?“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Србија ја совлада Шведска со 4:1 и така остана во пласман за елитниот дел од Лигата на Нации.

Во последното коло Србите ќе имаат тешка задачата затоа што ќе гостуваат во Осло против Норвешка која е предводена од Ерлинг Халанд. Пикси од новинарите пред оваа средба беше запрашан како ќе го запрат Халанд.

„Зошто ме прашувате мене? Јас не играм. Ако играв ќе ви одговорев. Морате да ги прашате играчите. Халанд е играч со одлични квалитети и ќе направиме се за да го запреме. Се надевам ќе најдеме начин како да го сториме тоа“, одговори селекторот на Србија.

Засега тој е задоволен од тоа како изгледа неговата репрезентација.

„Ова е фудбалот што сакам да го гледам во нашата репрезентација. Против Норвешка нема да менуваме многу, ќе излеземе на терен со нашата филозофија, па подобриот нека победи“, изјави Пикси.