Гореше најголемиот пазар за свежа храна во светот (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во предградието на Париз избувна пожав во кој гореше најголемиот пазар за свежа храна во светот, Ранжис, јавија светските медиуми.

Пожарот избувнал во магацин на фирма за овошје и зеленчук, во средиштето на познатиот меѓународен пазар, каде има 1.200 продавачи на големо.

Огромен столб од чад, видлив со километри наоколу, се издигаше над пазарот кој се простира на 234 хектари и е популарно место за посета на туристите.

Стотици пожарникари и триесет противпожарни камиони го гаснеа пожарот, а властите ги повикаа граѓаните да не одат во тој дел од градот. Според командантот на париските пожарникари, Марк Лемоан, пожарот бил локализиран, а во него изгорел голем дел од пазарот Ранжис. Никој не е повреден.