Стариот пак се пикна во италијанскиот Сенат


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лидерот на десничарската Напред Италија и бивш премиер на Италија, Силвио Берлускони, кој е дел од десничарската коалиција која победи на вчерашните избори во земјата, успеа да освои место во Горниот дом на италијанскиот парламент – Сенатот.

Берлускони, кој в четврток ќе наполни 86 години, освоил повеќе од 50 отсто од гласовите во трката за Сенатот во северната изборна единица Монца, каде милијардерот поседува вила, а сопственик е и на локалниот фудбалски клуб, кој во новата сезона беше промовиран во нов член на најелитната фудбалска лига во Италија, Серија А.

Тој, како што пренесе Н1, своето враќање во политиката го најави на почетокот на август годинава, кога соопшти дека ќе се кандидира за место во Сенатот и ќе се обиде да се врати на јавна позиција по девет години, план кој, според резулатите од вчерашните избори, му успеа.

„Ќе се обидам да дејствувам како `плејмејкер` во идната влада“,

изјави Берлускони пред своите поддржувачи откако гласаше на изборите, истакнувајќи ја својата желба да остане во првите политички редови и покрај неговата возраст и кревкото здравје.

Берлускони ќе мора да се откаже од своето место во Европскиот парламент, што го освои во 2019 година, бидејќи служба истовремено и во италијанскиот и во парламентот на ЕУ не е дозволена.

Пред девет години Берлускони беше осуден за финансиска измама, а дел од казната беше одредено време да не може да се кандидира на избори. Казната му истече во 2018 година.

Тој во 2016 година имаше тешка опреација на срцето, а поради ковид-19 беше хоспитализиран во септември 2020 година.

Инаку, според светските агенции, на Берлускони во италијанскиот парламент друштво ќе му прави неговата девојка, 32-годишната Марта Фашина, која успеа да освои место во парламентот во изборна единица на Сицилија. Фашина доби место во долниот дом на италијанскиот парламент, додека Берлускони е избран во горниот дом, односно Сенатот.