Home Спорт Македонија – Бугарија 0:1 – толку

Македонија – Бугарија 0:1 – толку

Македонската фудбалска репрезентација денес запиша пораз од Бугарија во последното коло од Лигата на Нации (0:1).

Натпреварот започна без многу шанси на двете страни, но со некои жестоки дуели на теренот. По еден таков дуел во жарот на борбата Тодор Тодороски заработи директен црвен картон, па после само 14 минути останавме со играч помалку. „Жртвата“ на тој црвен картон беше Александар Трајковски кој беше заменет со Стефан Ашковски.

И покрај тоа што имавме играч помалку Бугарија не го користеше тоа на теренот и не создаваше премногу шанси. Ние најголемата закана во првото полувреме ја испративме со удар од далечина на Милан Ристовски.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи после само пет минути игра во второто полувреме. По една контра на бугарската репрезентација топката дојде до нивниот капитен Кирил Десподов кој излезе „еден на еден“ со Столе Димитриевски. Десподов не ја пропушти таа прилика и реализираше.

И по тој гол на Бугарија ние создававме прилики, некаде во тие 15-тина минути од голот на Бугарија до 65-тата минута создадовме неколку одлични прилики за гол, но за жал и во овој натпревар изостана реализацијата.

Групната фаза Македонија по овој пораз ја завршува на третата позиција со седум бода, Бугарија има девет на една позиција пред нас, Грузија како првопласирана обезбеди место во баражот, а убедливо последен е Гибралтар со еден освоен бод.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…