Бројот на кинеската популација од речиси 1,4 милијарди луѓе е доста реален факт. Изненадувачки факт е тоа што 94% од овие луѓе живее во источната половина од земјата, додека западната е пустелија. Линијата што ја дели Кина почнува од замрзнатиот Хеихи на северот и завршува во тропскиот Тенгчон на југот, и на исток од нејзе живеат над 1,3 милијарди Кинези. …