КЗБ ги укина мерките за излез од Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бремените жени да се вратат на работа и укинување на задолжително поседување на негативен ПЦР тест или потврда за прележан ковид или вакцинација при излез од земјава – нови мерки што Комисијата за заразни болести ќе ги достави до министерството за здравство по новата посмирена епидемиолошка состојба во земјава.

За бремените жени портпаролот Мехмедовиќ објасни дека се предлага да се укине ослободувањето од работа согласно препораките од релевантни институции и од примерите во светот каде силно се препорачува бремените жени кои планираат бременост, се бремени или дојат да се вакцинираат и на тој начин да го заштитат свеоето здравје.

Скринигот во училиштата уште трае досега се истестриани 800 тини деца осум биле позитивни, а до крајот на неделата ќе се знае и скринигот за возраснот население кое почна минатата недела.

Сертификатите за влез во моловите и рестораните останува на сила, бидејќи вакцинацијата на наслението се уште е ниско и изнесува 41 процент, велат од Комисијата за заразни болести.