Home Актуелно Британија воведе санкции за пет руски банки и тројца руски богаташи блиски со Путин

Британија воведе санкции за пет руски банки и тројца руски богаташи блиски со Путин

Официјален Лондон денеска експресно воведе санкции за пет руски банки и за три лица, соопшти премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.

Тој во говорот пред пратениците во Долниот дом на парламентот додаде дека ова е само првиот пакет санкции и оти тие ќе бидат проширени доколку ситуацијата ескалира.

Станува збор за банките „Росија“, „ИС Банка“, „Генерал банка“, „Промсвјазбанк“ и „Црноморска банка“, како и санкции против Генадиј Тимченко, Борис Ротенберг и Игор Ротенберг, што важат за многу богати Руси, блиски до претседателот Путин.

– Целиот имот што го поседуваат во Обединетото Кралство ќе биде замрзнат, а на засегнатите лица ќе им биде забрането да патуваат овде и ќе им забраниме на сите британски поединци и ентитети да имаат каква било работа со нив. Ова е првата транша, првиот бараж од она што сме подготвени да го направиме – рече Џонсон.

Кризата во Украина од синоќа го достигна својот пик, откако рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Указот за признавање на независноста на самопрогласените републики Доњецк и Луганск, а потоа војската ја испрати во овие територии „за да се обезбеди мир“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…