Променлива среда со сончеви периоди


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, среда, 23. февруари, ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди попладне. Уште од изутрина ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието (повремено со брзина над 60 км/час).

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 12 Целзиусови степени, Маврово 4, Охрид 9, Битола 11, Крива Паланка 8. Берово 5, Кавадарци 12, Дојран 13.

Утре ќе имаме сончево време со мала умерена облачност и со умерен северен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува. Дневните температури ќе се двиќат од 5 до 14 степени.