МВР официјално потврди дека се уапсени две лица осомничени за грабежот на експозитурата на Уни банка во скопскиот трговски центар Беверли Хилс. Грабежот е пријавен денеска во 12:35 часот кога маскирани и вооружени разбојници им се заканиле на банкарските службеници со оружје и зеле пари од експозитурата. Еден од разбојниците со пиштол испукал еден куршум. Во грабежот нема повредени.