„Длабоко сум приврзан со оваа земја“: ДиКаприо донираше 10 милиони долари за поддршка на Украина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Славниот холивудски актер и еколошки активист Леонардо ди Каприо донираше 10 милиони долари за поддршка на жителите на Украина.

ДиКаприо изјави дека Украина е земја за која е длабоко приврзан бидејќи бабата од страната на мајката на актерот, Хелена Инденбиркен била родена во украинскиот град Одеса како Јелена Степановна Смирнова.

Оттаму со родителите емигрирала во Германија во 1917 година, каде што е родена мајката на Ди Каприо, што многу влијаело на неговото воспитување, што актерот го истакна во неколку интервјуа во минатото, објави германскиот „RTL exclusive“.

Но, Ди Каприо бил многу близок и со баба му, која од самиот почеток го поддржувала во кариерата. Хелен Инденбиркен, која починала во 2008 година на 93-годишна возраст, се појавуваше речиси до крајот на животот со својот внук на премиерите на неговите филмови.

ДиКаприо немал намера да се дознае дека издвоил дури 10 милиони долари за поддршка на Украина. Веста беше пренесена од страна на Меѓународната фондација Вишеград, проект на Вишеградската група чија цел е финансиска поддршка на меѓународните иницијативи.

Ди Каприо долго време е вклучен во иницијативи посветени на борбата против климатските промени. Во 1998 година, како 25-годишен, тој со своето семејство ја основаше Фондацијата Леонардо ди Каприо, која го поддржува „одржливиот развој низ целиот свет“.