Вооружен грабеж во банка во Капиштец – имало и истрел


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска напладне од експозитура на банка во Капиштец, вооружени лица одзеле пари од вработените, а едно од лицата отворило и оган, информираат од МВР.

„На 08.3.2022 во 12:35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одзеле пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум“, посочија од МВР.

Нема повредени лица во инцидентот. Разбојниците се уште во бегство.