Европската комисија спрема нов пакет санкции против Русија и Белорусија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европската комисија подготвува нов пакет санкции против Русија и Белорусија, повторно насочен кон руски олигарси и политичари, како и три белоруски банки.

Извори за западни медиуми изјавија дека санкциите, за кои ќе разговараат амбасадорите на ЕУ денеска попладне, ќе забранат три белоруски банки од банкарскиот систем Свифт и ќе додадат уште руски олигарси и политичари на црната листа на ЕУ.

Исто така, ќе се забрани извозот од ЕУ на поморска технологија во Русија и ќе вклучи насоки за следење на криптовалутите за да се спречи нивно користење за заобиколување на санкциите.