Владата на Украина отвори хотел во контаминирана зона околу Чернобил за туристи кои сакаат да го истражуваат епицентарот на најголемата нуклеарна несреќа во историјата. Во поранешниот советски павиљон оддалечен 15 километри од нуклеарниот реактор, кој експлодира во 1986 година, моментално на располагање има 50 кревети. „Ние сакаме да го прошириме капацитетот на 102 луѓе“, рече менаџерката на хотелот, Светлана Гришченко. …