Освои олимписко злато во Токио и си ја отвори душата: „Јас сум геј и олимписки шампион“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Олимписката репрезентација на Велика Британија во синхрони скокови во вода од 10 метри направи сензација и стигна до златниот медал покрај доминантната Кина. Првпат уште од Сиднеј Кинезите не се шампиони во оваа дисциплина.

Освен по големиот успех Велика Британија дојде до центарот на вниманието поради изјавата на репрезентативецот Том Дејли. Дејли има 27 година, тој поранешен светски шампион, а покрај спортската има и успешна кариера на јутубер.

По освојувањето на медалот тој и јавно порача дека е геј.

„Јас сум геј и исто така олимписки шампион. Се чувствувам моќно поради тоа. Кога бев млад не мислев дека ќе стигнам до ваков успех. Имам златен олимписки медал околу вратот после толку години, Многу ме отпишуваа и зборуваа дека поминати се моите најдобри години и дека не сум во најдобра физичка форма. Менталитетот е она што не доведе до златото“, изјави Дејли.