Home Шоубизнис Џени „Џејвау“ Фарли едвај ги задржа солзите по сцената со Мери Козби: „Ова е удар под појас“

Џени „Џејвау“ Фарли едвај ги задржа солзите по сцената со Мери Козби: „Ова е удар под појас“

Џени „Џејвау“ Фарли едвај ги задржа солзите додека гледаше сцена од реалното шоу „Вистинските домаќинки од Солт Лејк Сити“, во која се расправаа Енџи Кацаневас и Мери Козби. Во четвртокот, на 5 ноември, 41-годишната ѕвезда на „Џерси Шор“ сподели снимка на Инстаграм и го осуди користењето на смртта на синот на Мери во телевизиска кавга.

Фарли го нарече тоа „е*ано дно, најнизок удар под појас“, додавајќи дека „не ѝ е гајле“ што некој би можел да мисли за нејзината реакција.

„Британи Бејтман во минатата епизода, а сега Енџи во оваа…“, рече таа револтирано.

Фарли ја спореди сцената со расправиите во „Џерси Шор“. Нагласи дека, и покрај несогласувањата, таа и останатите учесници на крајот сепак се штителе меѓусебно.

„Затоа мислам дека ‘Џерси Шор’, на крајот на краиштата, немаше гледаност како емисиите на Браво, и го разбирам тоа“, рече таа. „Драмата продава, но едно знам за мојата екипа: колку и да не ѝ се допаѓаше тоа на продукцијата, се штитевме меѓусебно. И ние имавме удари под појас, особено пред да имаме деца. Имавме ниски удари, но сега веќе двапати гледам жени како напаѓаат жена што го изгубила своето дете.“

И во описот на објавата, Фарли остана на ставот дека користењето на смртта на синот на Мери против неа ја преминува секоја граница.


Извор: US Weekly

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Чарли Ханам и Лук Еванс во „Криминал“: објавен првиот тизер за серијата според графичките романи

Новата серија на Прајм видео ги поврзува приказните на неколку ликови од криминалното подз…