Мароко во ново изненадување на Светското ја „куцна“ Белгија, Хрватска со пресврт до победа против Канада (снимки)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мароко приреди уште едно изненадување на Мундијалот и ја победи фаворизираната Белгија со 2:0.

Белгија и против Мароко продолжи со анемичната игра која ја видовме и во првиот меч.

Мароко беше поорганизиран во сите линии, ја контролираше играта во првото полувреме, а Белгија спорадично се закануваше и се потпираше само на индивидуални квалитети.

Во последната минута од првиот дел Хаким Зијех постигна гол од слободен удар, но судијата после реакција на ВАР го поништи поради офсајд.

Во вториот дел сликата на теренот беше иста, па Мароко дојде до заслужено водство во 72-та минута преку Сабири.

Белгискиот селектор веднаш реагираше и во игра ги стави Де Кетеларе и Тросард, а во 80-та минута во игра влезе и Ромелу Лукаку, па Мартинез врли се на една карта.

Меѓутоа, Белгија не успеа да создаде сериозна шанса, а Мароко прекуконтранапад зголеми на 2:0 во судиското продолжение и заслужено победи.

Хрватската репрезентација со пресврт стигна до убедлива победа против Канада од 4:1.

Натпреварот започна шокантно за Хрватска и веќе во 2-та минута Алфонсо Дејвид и донесе предност на Канада. „Коцкестите“ не можеа да се соземат од шокот, па Канада до средината на полувремето беше подобар противник и создаваше шанси.

Во последните десетина минути од полувремето Хрватска заигра подобро и најпрво преку Крамариќ пристигна од израмнување, а Ливаја во 45-та минута погоди за комплетен пресврт.

Во вториот дел Канада повторно на моменти изгледаше подобар тим на теренот, но не успеа да ги реализира креираните шанси.

Хрватска дојде знаеше да казни и најпрво Крамариќ зголеми на 3:1, а во судиското продолжение Ловро Мајер ги постави конечните 4:1.