Home Шоубизнис „Либерти екс“ и „Хирсеј“ ја откажаа заедничката турнеја за 2027 година поради слаба продажба на билети

„Либерти екс“ и „Хирсеј“ ја откажаа заедничката турнеја за 2027 година поради слаба продажба на билети

Членовите на „Либерти екс“ и „Хирсеј“

„Либерти екс“ и „Хирсеј“ ја откажаа заедничката повратничка турнеја планирана за 2027 година.

Двете британски поп-групи, кои се прославија во телевизискиот музички натпревар „Попстарс“ во 2001 година, во вторникот, на 24 ноември, соопштија дека нема да се одржи најавената турнеја низ арените во Обединетото Кралство и Ирска.

Со концертите требаше да одбележат 25 години од првите успеси на музичката сцена.

„За жал, потврдуваме дека нашата заедничка турнеја со ‘Хирсеј’ е откажана“, објавија „Либерти екс“ во соопштение на Инстаграм.

Групата ги увери фановите дека парите за сите купени билети ќе им бидат вратени што е можно поскоро. Воедно објасни дека се надева оти раната одлука на организаторот за откажување ќе им остави доволно време на посетителите да ги променат плановите за патување.

Ниту една од групите не ја наведе причината за откажувањето во своите објави на социјалните мрежи. Сепак, нивен заеднички портпарол за „Сан“ потврди дека одлуката е донесена поради недоволна продажба на билети и трошоци за продукција повисоки од очекуваните.

„Реалноста е дека продажбата на билети не беше на потребното ниво“, изјави портпаролот, додавајќи дека турнејата на крајот станала финансиски неодржлива.

„Ова е огромно разочарување за сите вклучени, особено за изведувачите и фановите, кои со голема возбуда ја очекуваа турнејата и го чекаа овој момент 25 години. Сепак, важно е отворено и искрено да ги објасниме околностите, наместо да оставиме простор за непотребни шпекулации“, додаде тој за „Сан“.

Портпаролот потврди и дека на фановите ќе им биде вратен целиот износ преку продажното место од кое ги купиле билетите. Засега ниту една од групите не најавила нови термини за концертите.

„Либерти екс“ им се заблагодарија и на членовите на „Хирсеј“ за укажаната можност.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Хила Клајн се повлекува од „Х3 подкаст“ додека се разведува од Итан

Хила Клајн реши да ја напушти работата на новото издание на „Х3 подкаст“, откако поднесе б…