Home Шоубизнис Том Брејди: Синот ме опоменува дека и на вечера почнувам да се однесувам како тренер

Том Брејди: Синот ме опоменува дека и на вечера почнувам да се однесувам како тренер

Том Брејди на спортски настан.

Том Брејди проговори за својот пристап кон родителството и за тоа како се обидува да биде подобар татко на своите три деца.

Поранешниот НФЛ-квотербек, кој има 49 години, во неодамнешното гостување во „Хај перформансес“ со Џејк Хамфри откри дека синот му забележал оти понекогаш разговорите ги претвора во тренерски поуки.

„Пред некоја вечер синот ми рече: ‘Тато, понекогаш седнуваме на вечера и почнуваме сосема опуштен разговор, а ти одеднаш стануваш многу сериозен’. Му одговорив: ‘Во право си, Бени. Понекогаш навистина го правам тоа, понекогаш тренерот во мене излегува на површина’“, раскажа Брејди.

Тој има три деца. Со поранешната партнерка Бриџит Мојнахан го има 19-годишниот син Џон „Џек“, а со поранешната сопруга Жизел Бундхен ги има 16-годишниот Бенџамин Рејн и 13-годишната ќерка Вивијан Лејк.

„Го слушам она што ми го раскажуваат и поуките што ги извлекле од денот, а потоа се обидувам да им кажам: ‘Добро, ти имаш 16 години. Јас сум малку постар од тебе. И јас сум имал 16 години и се сеќавам на тој период. Еве што би направил јас, врз основа на моето искуство од повеќе од 30 години’“, продолжи тој.

Брејди вели дека како родител се труди да биде „навистина присутен“ и да не ги осудува децата. Сака да го разбере нивното гледиште, но, како што додаде, „се обидувам и тие барем малку да го разберат моето“.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Принц од Врање победи на музички натпревар во Кина: „Не можам да поверувам што постигнав“

Стефан Здравковиќ, познат како Принц од Врање, го освои првото место на музичкиот натпрева…