Home Шоубизнис Зосија Мамет: Го напуштив „Мед мен“ по само четири епизоди поради однесувањето на Метју Вајнер

Зосија Мамет: Го напуштив „Мед мен“ по само четири епизоди поради однесувањето на Метју Вајнер

Зосија Мамет проговори за наводниот судир со творецот на „Мед мен“, Метју Вајнер, поради кој ја напуштила серијата по само четири епизоди.

„Сите други актери беа прекрасни, но тој навистина беше како Католичката црква некогаш — човекот владее со страв“, изјави 38-годишната актерка во подкастот „Армчер експерт“.

Мамет тврди дека Вајнер секое заедничко читање на сценариото го почнувал со краток говор во кој им кажувал дека не сака никој да ги носи сценаријата дома.

„Велеше: ‘Ако видам такво нешто, ќе ве најдам и ќе ве прогонувам. Ќе ве убијам. Се шегувам. Всушност, не’. Тоа го правеше на секое читање. Си мислев: ова не само што не е смешно, туку е одвратно. Е*ено одвратно, човеку!“, раскажа таа.

Според актерката, чашата се прелеала кога 61-годишниот Вајнер „имал лош ден и решил да се истури врз неа“.

„На една проба за движењата во сцената, едноставно ме направи партал пред целата актерска и техничка екипа… Кога си заминав, им се јавив на агентите и им реков: ‘Не можам да се вратам на тој сет’. Ме понижуваше без престан околу 45 минути. Си мислев: ‘Сакам да се убијам’“, рече Мамет.

Таа објасни дека поради сопствената несигурност знаела оти нема да може да продолжи со снимањето.

„Бев толку несигурна во себе што знаев дека нема да можам да се вратам. Си реков: целосно ќе се затворам. Нема да можам да функционирам во таква средина, а стравот дека тоа повторно ќе се случи беше преголем“, додаде таа.

Мамет претходно пишуваше за одлуката да напушти една хит-серија во својата книга есеи „Дали ова ме прави смешна?“ од 2025 година, но тогаш не ги откри ниту името на серијата ниту името на Вајнер.

Зосија Мамет и Елизабет Мос во „Мед мен“

„Напишав есеј за тоа во книгата, без да споменувам имиња. Но, навистина сакав Мет Вајнер да ме тужи, бидејќи така ќе признаеше дека знаел оти пишувам за него“, рече таа во подкастот.

Во есејот, Мамет го опишала тогаш неименуваниот автор и раководител на серијата како „човек со силен, напнат настап“, чие присуство правело да изгледа како „студен бран да поминал низ студиото“. Таа го обвинила дека ја понижувал пред сите актери поради начинот на кој отворала плик во една сцена.

„Ме фаќа за раката во која го држам жолтеникавиот плик и вели: ‘Не! Што к*р правиш со пликот! Не се вади така нешто од плик! Одново!’“, раскажа Мамет.

„И така ја повторуваме сцената, одново и одново. Секојпат кога ќе стигнеме до делот во кој треба да ги извадам фотографиите од пликот, тој вика ‘стоп’, станува и почнува да вика“, тврди актерката.


Извор: US Weekly

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кој е Ејдријан Вилијамс, фитнес-инструкторот со кого наводно е во врска Џулијан Хаф?

Џулијан Хаф наводно е во врска со Ејдријан Вилијамс, инструктор во „Пелотон“. Тој е роден …