
Џулијан Хаф наводно е во љубовна врска со Ејдријан Вилијамс, фитнес-инструктор во „Пелотон“.
Поранешната професионална танчарка во шоуто „Танц со ѕвездите“, која има 38 години, веќе навести дека има партнер, а извор неодамна потврди дека станува збор за Ејдријан.
Гласините за нивната врска се засилија откако тој викендов на својата инстаграм-приказна објави фотографија на која Џулијан го држи своето куче Сани. Тоа ја разбуди и љубопитноста на обожавателите да дознаат повеќе за него.
Њујорчанец со страст за спортот и фотографијата
Според неговата биографија, Ејдријан има 42 години и е роден во Њујорк. Тој е натпреварувач во спринт и искусен тренер, кој сака да ги поттикнува луѓето да најдат радост во вежбањето. Кога не тренира, ѝ се посветува на фотографијата и често експериментира со фотоапаратот.
„Фотографијата ми станува сѐ поголема страст. Фитнесот бара многу енергија, а фотографијата ми помага да забавам и да ги ценам малите моменти. Сакам и да готвам, затоа што сакам да јадам!“, раскажал Ејдријан за своите интереси надвор од работата во „Пелотон“.
Планирал да работи во педијатриската нега
Пред да дојде во „Пелотон“, Ејдријан сакал да стане медицински техничар на педијатрија. За тоа зборувал во интервју со кое бил претставен во компанијата.
Како што објаснил, почнал да се занимава со фитнес за финансиски да му помогне на семејството за време на економскиот пад по нападите од 11 септември. Презел клиенти од еден пријател и почнал да работи како тренер во фитнес-студио.
Неговото куче Френки често се појавува на Инстаграм
Ејдријан има долгокос јазовичар по име Френки, кој редовно се појавува во неговите објави на Инстаграм.
Џулијан, пак, уште во септември навести дека е во љубовна врска.
Извор: Just Jared