Home Шоубизнис Тајсон Фјури во нов документарец открива дека му била дијагностицирана шизофренија

Тајсон Фјури во нов документарец открива дека му била дијагностицирана шизофренија

Боксерот Тајсон Фјури во новиот долгометражен документарец „Тајсон Фјури“ на Нетфликс отворено зборува за своето ментално здравје. Тој открива дека во 2015 година, набргу откако го победи Владимир Кличко и ја освои светската титула во тешка категорија, му биле дијагностицирани шизофренија и биполарно растројство.

„Дедлајн“ го погледнал документарецот пред неговото најавено прикажување во петок, 27 ноември.

„Се будев ноќе во таква состојба… Анксиозноста ме парализираше. Едноставно не можев да ја совладам“, раскажува Фјури. „Бев целосно изгубен и тогаш отидов кај психијатарка во Лондон. Ми постави безброј прашања и ги исполнував сите критериуми за сè што ми се случуваше. Депресија, анксиозност, биполарно растројство.“

Во документарецот зборуваат и неговиот татко, Џон Фјури, и сопругата, Парис Фјури.

„Можам да ви кажам дека, кога ќе погледнам наназад, тоа отсекогаш било присутно“, вели Џон. „Таков каков што бев, без воопшто да ги разбирам тие работи, не сакав да видам депресивно дете. А и ако го забележев тоа, не му обрнував внимание. Но сега разбирам. Тоа е болест, страшна болест. И самиот страдам од неа.“

Фјури во филмот се навраќа и на Ноќта на вештерките во 2017 година, кога еден момент на соочување со реалноста го поттикнал да побара помош и да го промени животот.

„Излегов и се срамев од својот изглед. Бев дебел и запуштен, а на себе имав голем костим, скелет што свети во темница. Мислев дека никој нема да ме препознае во него“, раскажува тој. „Погледнав околу себе и видов само млади луѓе. Си помислив: го имав светот во свои раце, а сè фрлив во вода. Сега сум само дебел и запуштен, зависен од алкохол. Си реков: ‘Оди си дома’. Едноставно кажав: ‘Не можам повеќе сам. Ми треба твојата помош’. Тоа беше моментот кога почна враќањето.“

Фјури претходно зборуваше за дијагнозата биполарно растројство во интервју за „Ролинг стоун“ во 2016 година.


Извор: US Weekly

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

„Либерти екс“ и „Хирсеј“ ја откажаа заедничката турнеја за 2027 година поради слаба продажба на билети

Британските поп-групи ја откажаа повратничката турнеја низ Обединетото Кралство и Ирска по…