14-та титула за „кралевите“: Реал е новиот клупски шампион на Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа во Париз стигна до 14-тата титула европски шампион во најпрестижното фудбалско клупско натпреварување – Лигата на шампионите. Победата ја донесе Винисиус Жуниор со голот во 58-та минута.

Беше Ливерпул подобар противник на теренот од првата минута. Првата голема шанса ја имаше Салах, но Куртоа со одлична одбрана го спаси својот гол. Таа одбрана на Куртоа како да беше само најава за она што ќе следува во продолжение. Набрзо Белгиецот забележа и уште една интервенција.

Во самата завршница Реал Мадрид по една мешаница преку Бензема стигна до гол. Се прегледуваше погодокот и во ВАР собата, но на крајот беше поништен поради офсајд. Така на пауза се замина без погодоци 0:0.

Второто полувреме донесе посигурна игра на Реал Мадрид. „Кралевите“ ја има топката во свој посед, меѓутоа без некои посериозни шанси. Подобрата игра на Реал вроди со плод во 59. минута. Валверде со одлична топка го пронајде Винисиус кој немаше проблем на празната мрежа да ја смести топката во мрежата.

До крајот на полувремето Ливерпул создаде уште неколку добри прилики, но Куртоа како да беше несовладлив вчера вечерта.