Милер го прогнозираше вечерашното финале во Лига на шампиони – еве што типува славниот напаѓач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер го коментираше вечерашното финале во кое ќе се сретнат екипите на Ливерпул и Реал Мадрид.

Тимот на Баерн веќе е на одмор, а сезоната во Лигата на шампионите ја завршија со неочекувана елиминација од Виљареал. Според очекувањата на германскиот фудбалер во утрешното финале ќе победи Ливерпул на пенали.

„Мојот впечаток е дека Ливерпул е подобар, не можам да го отпишам и Реал поради се што направи сезонава во ЛШ. Мојата прогноза е дека ќе биде 2:2 во регуларниот дел, а потоа на пенали ќе победи Ливерпул“, изјави Милер.

Ливерпул во финалето ќе има и дополнителен мотив, а тоа е да се одмазди за поразот во Киево 2018 година.