Џени Мекарти проговори за долготрајните последици од труењето со мувла и за нервниот слом што го загрижил нејзиниот сопруг Дони Волберг.
„Не знаев дека мувлата може да предизвика посттрауматско стресно растројство, сè додека самата не го доживеав по труењето со мувла“, рече Мекарти (54) во епизодата на својот подкаст „The Jenny McCarthy Wahlberg Show“, објавена во вторникот, на 10 ноември. „Каде и да одев, добивав хистаминска реакција.“
Таа опиша и една случка кога, по доцно пристигнување и ноќевање во соба, се разбудила со благо отечени очи.
„Стигнавме многу доцна и веднаш заспав. Кога се разбудив, очите ми беа малку отечени и си реков: ‘Во собава има мувла’. Буквално ме фати хистерија. Плачев толку силно и доживеав нервен слом во таа соба“, раскажа Мекарти, додавајќи дека сопругот никогаш претходно не ја видел во таква состојба.
„И сега можам да заплачам кога зборувам за тоа… По 11 операции за 15 месеци, моето тело… Не можев да поднесам повторно да почне да ми се распаѓа здравјето“, продолжи таа. Призна дека стравот од повторно труење со мувла ја натерал да се плаши и од возење со „Убер“, одење во ресторани и патување со авион.

„Луѓето не сфаќаат дека и тоа се случува и дека морав да работам на проблемот“, рече таа за посттрауматскиот стрес. „Сè уште работам на тоа. Многу сум подобро, но сè уште не сум излекувана. Бев решена да не дозволам тоа да ме скрши.“
Мекарти и претходно, во епизодата од својот подкаст објавена на 28 октомври, зборуваше за двегодишната борба со труење со мувла и микотоксини.
Членката на жирито во „The Masked Singer“ раскажа дека поминала низ „бескрајни одења по лекари, операции, вадење заби, мистериозни израстоци на неочекувани места и импланти што буквално испаѓале“, пред да сфати дека нејзиниот имунолошки систем се бори со нешто многу поголемо.
Извор: US Weekly