
Алабама Баркер јавно ги обвини своите пријатели дека ѝ краделе вредни предмети од домот.
Дваесетгодишната инфлуенсерка, ќерка на Тревис Баркер, ги изнесе обвинувањата во стори на Тикток.
Во објавата, која веќе не е достапна, Алабама навела дека во текот на две години ѝ биле украдени облека, модни додатоци и мебел во вредност од над 130.000 долари, пренесува Е! њуз.
Меѓу предметите што ги наброила се фармерки и столче од Chrome Hearts, дијамантски обетки и чанта Birkin, која ѝ ја купил татко ѝ.

„Тоа се мои работи, но не е само столчето. Тука се и сите мои фармерки од Chrome Hearts“, рекла таа, додавајќи дека еден пријател ѝ покажал фотографии од нејзините предмети понудени на продажба на интернет. „Фармерките чинат 20.000 долари, а има четири пара.“
„Ме краделе две години. Ми ги нема сите вредни работи. Не можам да поверувам“, продолжила Алабама.
„Се грижев за нив како да ми се семејство. Знаевте дека немам камери и подмолно ми зедовте сè“, порачала таа.
Алабама изјавила дека го пријавила случајот во ФБИ, но тврди дека не добила помош.
По првичното видео со обвинувањата, таа продолжила да објавува видеа и фотографии на своето стори на Тикток. Меѓу нив имало и снимка од безбедносна камера на која се гледа маж како пребарува низ нејзиниот плакар. Споделила и видео со негови објави во кои се обидува да ги продаде нејзините работи.
Извор: Just Jared