
Кејт Хадсон и Оливер Хадсон се присетија на својата покојна колешка Хејден Панетиер, со која соработуваа на различни проекти.
Актерката почина во август на 36-годишна возраст, а братот и сестрата сега споделија спомени од времето поминато со неа на снимање.
За Панетиер зборуваа во епизодата на нивниот подкаст Sibling Revelry, објавена во вторникот, на 10 ноември, во која гостуваше Хана Бернер.
Кејт глумеше со Хејден во филмот Raising Helen од 2004 година, додека Оливер соработуваше со неа во драмската серија Nashville, која се емитуваше на Еј-би-си и Си-ем-ти.
Разговорот за нивната колешка почна откако Хана спомена дека неодамна првпат ја гледала серијата Nashville.
„За сето ова со Хејден, јас сè уште немам ни зборувано“, рече Оливер во подкастот.
Кејт се согласи дека тие двајца всушност и немале вистински разговарано за нејзината смрт.
Оливер, кој во Nashville го толкуваше Џеф Фордам, се присети колку се забавувал работејќи со Хејден, која ја играше Џулиет Барнс, и со нивниот колега Вил Чејс.
„Беше прекрасна. Со неа беше многу забавно“, рече тој.
И Кејт ги сподели своите спомени за Хејден, опишувајќи ја како „борбена“ личност со „силна волја“.
Оливер го пофали и нејзиниот актерски талент, особено способноста брзо да ги запаметува репликите.
Тој раскажа дека ја гледал како доаѓа во приколката за шминкање без претходно да го научи текстот. Потоа само еднаш или двапати ќе ги прочитала долгите сцени и веднаш ќе запаметела сè.
Според Оливер, Хејден му кажала дека има фотографска меморија.
Актерката почина на 16 август, само неколку дена пред својот 37. роденден.
Нејзината смрт подоцна беше утврдена како несреќен случај. Службата за судска медицина во округот Гринвил утврди дека починала од токсичното дејство на повеќе супстанции.
Минатиот месец надлежните потврдија дека истрагата за нејзината смрт е завршена.
Извор: Just Jared