Од денес во Челзи официјално започнува ерата на Боели


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Премиерлигашот Челси потврди дека е продаден од страна на досегашниот сопственик Роман Абрамович и во иднина за екипата ќе се грижи бизнисменот Тод Боели, кој е газда и на Лос Анџелес Доџерс.

Тод Боели заедно со уште неколку бизнисмени ќе плати 4,5 милијарди долари, а има обврска во тимот да инвестира уште 1,7 милијарди долари.

„Челси може да потврди дека е постигнат конечен договор за продажба на клубот на Тод Боели/Клирлејк Капитал. Трансакцјиата се очекува да биде комплетирана во понеделник“, соопштија од клубот.

Абрамович си оди од клубот по 18 години, откако го купи во 2004 година и притоа во неговата ера беа освоени 19 трофеи.