Линдзи Вон ги покажа металните плочки и шрафовите што лекарите ѝ ги извадиле од ногата при последната операција, по тешкиот пад на Зимските олимписки игри во 2026 година.
„Ми ги извадија сите овие сра*а од ногата 🙌🏻“, напиша 42-годишната скијачка во објава на Инстаграм стори во средата, на 11 ноември, покрај фотографијата од извадениот метален материјал.
Еден ден претходно, на 10 ноември, Вон сподели како се чувствува пред интервенцијата: „Овој ден одамна ми стои во календарот… и конечно дојде. Бев нервозна и вознемирена поради него… но истовремено и возбудена, со надеж дека конечно ќе го оставам ова зад себе“.
„Ова ќе ми биде деветта операција и се молам да биде последна. Сè уште има работи што може да се променат за време на интервенцијата, па ќе мора да почекаме и да видиме како ќе помине. Ќе ве известувам за напредокот кога ќе излезам од операција и ќе почнам да закрепнувам“, додаде таа.

Вон нагласи дека и понатаму е „во најдобри раце“ и дека е благодарна за помошта од лекарите, физиотерапевтот, медицинските сестри и останатиот медицински персонал.
„Ви благодарам уште еднаш за сета поддршка во изминативе девет месеци. Неизмерно ми значеа толку многу љубов и охрабрување. Како што велеше мајка ми: ‘Денес е уште еден прекрасен ден!’… Се надевам дека е во право“, ја заврши својата порака.

При падот на Олимписките игри во февруари, Вон се здоби со отворена скршеница и со скршеница на тибијалното плато на левата нога. Потоа следуваа повеќе операции, меѓу кои и интервенција за спасување на ногата откако кај неа се развил компартмент-синдром.
Извор: US Weekly