Зошто ВАР не се користи во мундијалските квалификации – малку чудно објаснување на УЕФА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првите натпревари од квалификациите за Светското првенство видовме повеќе контроверзни ситуации.

Фактот дека нема ВАР и „гол технологија“ им ја отежнува работата на судиите. Најочигледен е примерот на натпреварот помеѓу Португалија и Србија кога Роналдо постигна гол, но тој не беше признат. Со ВАР во таа ситуација судијата сигурно ќе знаеше дека топката ја поминала гол-линијата.

Стигна и објаснување од УЕФА зошто нема ВАР во квалификациите. Како главна причина наведен е коронавирусот.

„УЕФА во 2019 година и предложи на ФИФА употреба на ВАР технологијата во квалификациите за СП. Меѓутоа влијанието на панедемијата на оперативните и логистичките способности доведе до тоа да се одложи користењето на ВАР“, стои во објаснувањето на УЕФА.

Благо кажано чудно оправдување на европската фудбалска федерација бидејќи на голем дел од стадионите каде што се играат натпреварите од квалификациите ВАР системот е веќе инсталиран.