Актуелно

Од полноќ нови, пониски цени на горивата

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика од вечер, на полноќ, на сила стапуваат новите малопродажните цени на нафтените деривати кои во просек се намалуваат за 2,11 % во однос на Одлуката од 22.3.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,966 ден/кг и сега ќе изнесува 34,426 ден/кг.

Од 30.3.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 68,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 55,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 44,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 34,426 (денари/килограм)

To Top