Заев и Мицкоски се „нагодија“ – пописот одложен за во септември


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната лидерска средба која ја остварија зад затворени врати во Клубот на пратениците, се договорија во четири очи пописот на населението да се одложи за во септември оваа година.

Мицкоски оцени дека денешната средба била успешна и оставиле отворена врата и за други средби. Веќе од утре ќе биде покрената постапка за изгласување на измените на изборниот законик за да се овозможи гласање со отисок на прст.Околу работата во Парламентот се согласиле ВМРО-ДПМНЕ да работи заедно со мнозинството на сите закони кои се однесуваат на интеграцијата на Македонија во ЕУ и сите закони што се однесуваат околу поддршката на економијата за пандемијата и другите од тој пакет.

Околу вакцинацијата Заев известил дека во текот на април ќе стигнат околу 350.000 вакцини, а потоа до мај околу два милиони дози што е доволно да се имунизира целото населението. Од тој аспект, се согласиле пописот да биде одложен за петти или 30 септември, а апликацијата за дијаспората да остане активна дотогаш, додека локалните избори да бидат одложени за втората половина на октомври.

-Се договоривме дека довербата треба да се гради, дека дијалогот е двонасочна улица, а дали ќе бидеме натаму конструктивна опозиција ќе зависи од тоа дали ќе имаме конструктивна власт, рече Мицкоски појаснувајќи дека не станало збор за никаква експертска, концентрациона или друга влада, што биле според него шпекулација.