„Животот дома ми е загрозен“: Атлетичарката Циманускаја не сака да се врати во Белорусија – бара азил во Јапонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетичарката Кристина Циманускаја која учествува на Олимпијадата во Токио изјави дека нејзиниот живот бил загрозен во Белорусија и ќе побара азил во австриската или германската амбасада во Токио.

Имено, 24-годишната спортистка го критикуваше раководството на атлетскиот тим, а потоа ги обвини претставниците на белорускиот олимписки комитет дека сакаат да ја вратат во својата татковина.

Таа изјави, дека била наведена во трката 4×400 метри, иако досега никогаш не учествувала во таа дисциплина.

„Барам помош од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). Под притисок сум и тие сакаат со сила да ме вратат во Белорусија, иако јас не се согласив на тоа“, изјави Циманускаја.