Ванеса Брајант со децата на одмор во Дубровник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ванеса Брајант, сопруга на прерано ит рагично починатата кошаркарска легенда Коби Брајант, со децата и пријателката летуваат во Дубровник.

Таа се пофали со фотографиите од Хрватска на Инстаграм и напиша дека причина за нејзиното доаѓање е популарната серија „Игра на тронови“, која се снимала во Дубровник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Bryant 🦋 (@vanessabryant)

„Коби и дозволи на својата најстара ќерка Наталија да оди на излет со соучениците по долго планираната посета на овој град. Во меѓувреме, патувањето беше откажано поради ситуацијата со корона”, објасни Ванеса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Bryant 🦋 (@vanessabryant)

Ванеса ја исполнила желбата на нејзината ќерка Наталија и ја донесе во Дубровник.

„Прекрасно е“, напишала вдовицата на Коби Брајант.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Bryant 🦋 (@vanessabryant)

Освен Наталија, Ванеса во Хрватска ги донесе и својата четиригодишна ќерка Бјанка Бела и двегодишниот Капри Кобе.

Коби Брајант, заедно со неговата 13-годишна ќерка Џана, загинаа во несреќа на почетокот на минатата година, кога хеликоптер се урна во Калифорнија.