Во еден бутик влегува жена на возраст од околу 30, убава, горда, модерна. По неа се влече ситен 50 годишен маж со златен часовник на раката. Брачните прстени им се исти, значи сопружници. Жената си го избира најскапиот кожен капут, го облекува и почнува да воздивнува од восхит. Мажот брзо го купува капутот со цена од 3.000 евра. Жената се заблагодарува и си одат.
Следниот ден во истиот бутик влегува истата жена, но со друг маж, згоден, млад, висок, добро облечен, со венчален прстен, но различен од нејзиниот, значи љубовник. Персоналот е воспитан и молчи. Жената се фаќа пак за сосема истиот капут што ѝ го купи сопругот претходниот ден. Почнува да воздивнува, љубовникот брои 3.000 евра, таа му се заблагодарува бакнувајќи го во устата и си заминуваат. Третиот ден истата жена се враќа во истиот бутик, сама! Го враќа едниот капут и си зема 3000 евра назад.
Заклучок: Мажот мисли дека тој и го купил капутот. Љубовникот мисли дека е тој. Нема љубомора, нема скандали. Жената има 3.000 евра во кеш во џебот и убав и скап кожен капут.
-
Виц: Изнервиран петел
Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п… -
Виц: Бабата со пушка и таксистот
Баба со пушка во раката влегува во такси. Таксистот зачудено ја гледа и ја прашува: Зошто … -
Виц: Забелешка за психијатрите
Го прашуваат некој Македонец за лекарите во Македонија – какви се, дали се добри. То…
Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.
Check Also
Виц: Изнервиран петел
Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п…