Видео: Фудбалско чудо – натпревар за кој ќе се зборува 100 години!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона и Борусија Дортмунд им се придружија на Реал и Баерн во четвртфиналето, во Лигата на шампионите, откако Каталонците направија чудо и со 6:1 го победија ПСЖ на „Камп Ноу“.

Ден пред реваншот помеѓу Барселона и ПСЖ, тренерот на каталонците Луис Енрике веруваше дека неговиот тим може да постигне шест голови и токму тоа се случи.

Барселона резултатот го отвори во третата минута кога гол постигна Луис Суарез, а во 40-та Курзава со авто гол зголеми на 2-0. Првите два гола Барса ги постигна поради лошите одлуки и нерешителноста на Маркињос.

Вториот дел започна со гол на Меси по сомнително досудениот пенал, кој судијата Ајтекин го досуди по сугестија на помошникот.

Сигурноста во играта на ПСЖ ја врати Кавани кој погоди во 62-та минута. Потоа Кавани и Ди Марија имаа шанси, но двајцата кога беа сами пред Тер Штеген не постигнаа гол.

Лудницата на „Камп Ноу„ започна во 88-та минута кога Нејмар постигна брилијантен гол од слободен удар. Три минути подоцна Ајтекин и подари пенал на Барселона, а Нејмар зголеми на 5-1.

Конечниот резултат го постави Серхи Роберто, кој по една длабинска топка на Нејмар избегна офсајд стапица и постигна гол кој значи четвртфинале за Барселона.