Тесла го претстави својот електричен шлепер

Тесла

Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


После големиот успех на пазарот со луксузните електрични патнички возила, Елон Маск го претстави и првиот камион на струја произведен под брендот Тесла, со кој се започнува нова ера и сфера во тргувањето и товарниот транспорт.

Првиот човек на компаијат го откри изгледот и техничките детали од камионот-шлепер Tesla Semi, на свечената презентација која беше одржана во Лос Анџелес денес, рано наутро по средноевропско време.

Тесла

Премиерата на електричниот камион, за кој Маск тврди дека ја претставува иднината на товарниот сообраќај, најпрвин била планирана за 26 октомври. Но, планот се изменил за 16 ноември, во 20 часот според американско пацифичко време. Причина за измената биле проблемите во производството на Model 3, па компанијата привремено се фокусираше на тој патнички автомобил.

Тесла камионот на струја и неговите спецификации

Tesla Semi има изразено аеродинамичен дизајн на неговата надворешност, со цел максимално да се намали отпорот на воздухот во возењето на брзите автопатни делници. Со самото тоа се зголемува и неговата автономија. Внатрешноста е минималистичка, во склад со технолошката филозофија применета на патничките возила од брендот на Тесла.

Возачите на камионот на располагање имаат, наместо еден, два големи таблети, на кои ги следат сите функции на возилата, задаваат команди и вршат подесувања.

Тесла

 

Прво, и веројатно најважно, кога станува збор за било кое електрично возило, е прашањето на автономијата на камионот со полни батерии. А таа е поголема отколку што се шпекулираше и според фабричките податоци ќе изнесува над 800 километри. Тоа е сосема доволно за употреба на возилото на средни далечини за товарен транспорт, за што и наменски е конструиран Tesla Semi.

Како што тврдат од компанијата, Tesla Semi е во можност да го измине тоа растојание, без потреба од дополнување на батериите, а во услови на возење по автопат и под максимално оптеретување од 36 тона.

Tesla Semi и брзинските параметри

Исто така, кога е под целосно оптоварување, камионот-шлепер на електричен погон од 0 до 96 км/час забрзува за 20 секунди. Со тоа, како што истакнува Маск, тој е значително побрз од било кое друго слично товарно возило со дизел мотор достапно на пазарот. Уште поимпресивна е бројката кога Tesla Semi е без приколка – тогаш за ова забрзување му требаат само 5 секунди.

Тесла

Тоа значи дека, кога е празен, камионот забрзува со капацитет на спортски автомобил. За да ги постигне ваквите импресивни перформанси, Tesla Semi е опремен со 4 независни електромотори, од кои секој придвижува по едно од 4 задни (погонски) тркала на камионот кој има вкупно 6 тркала. Моќта на погонскиот систем засега не е соопштена.

Безбедност и гаранции на електричниот шлепер

Една од карактеристиките на патничките автомобили од Тесла е системот за делумен автопилот, кој нема да биде изоставен ни кај електричниот камион.

Возилото е стандардно опремено со технологија за автоматско одржување на камионот во рамки на сообраќајните ленти по кои се движи и систем за автономно кочење во случај на опасност.

Тесла

Иако станува збор за прв камион кој е конструиран во Tesla, од компанијата тврдат дека ова возило ќе биде сосема безбедно. За да ги убедат во тоа потенцијалните клиенти, производителите даваат гаранција дека Tesla Semi нема да се расипе за време на возење во првите 1,6 милиони изминати километри.

Сопствениците на камионот, исто така, ќе имаат поволност возилото да го полнат на новиот, таканаречен „мегаполнач“. Истиот овозможува батериите да се дополнуваат за 30 минути со енергија која обезбедува камионот да измине дополнителни 640 километри.