Шокантен пресврт: Дали легендата на модерна Барса се враќа, но како тренер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона до луни нема да именува нов тренер, но како што шпекулираат некои, решението веќе се наѕира. Не се убедени во кандидатите кои се појавија во медиумите. Наводнот нов тренер играл и со Луис Енрике.

Се лицитира со имиња, меѓу кои како главни се пласираа Сампаоли и Валверде, но се споменуваа и Алегри, како и Покетино и Куман. Но, како што тврдат каталонските медиуми, играчите сакаат некој кој ја познава ситуацијата, па поради тоа, не се убедени дека споменатите имиња се вистинското решение.

Еден од кандидатите останува Унзуе, кој беше помошник на Енрике, но сега во прв план некако избива легендата на модерната Барса која ја знаеме – Чави.

Имено, легендарниот играч кој одигра најмногу натпревари за Барса, замина на нафтениот исток и сега е помошник во младата репрезентација на Катар, а играчите сигурно би го поддржале неговото доаѓање.

Сепак, се поставува прашањето, колкаво искуство има, бидејќи никогаш не работел самостојно, па многумина веруваат дека ако евентуално тој биде изборот за нов тренер на Барса, нема да успее на тој план.

Но, од друга страна, таква шанса му беше дадена и на Гвардиола, иако тој го водеше младиот тим и тоа во најуспешниот период на историјата од Барса.

Покрај тоа, заговорниците за враќањето на Чави тврдат дека на тимот сега му недостига неговиот авторитет, дека тој беше душата на Барса и дека како тренер би можел да спроведе дел од своите идеи од кои се откажа Луис Енрике, кого го обвинуваа дека Барса игра поразлично откако замина Чави.