Кавалирс одлични на гости: Им слупаа 25 тројки на домаќините за нов рекорд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот шампион на НБА, Кливленд Кавалирс, стана нов сопственк на рекордот во лигата по број на постигнати тројки на еден натпревар.

Кавси се распукаа од зад линијата за три поени на гостувањето против Атланта за триумф од 135:130, постигнувајќи 25 тројки, со што го надминаа претходниот рекорд кој го држеа Хјустон и Денвер со по 24 тројки на натпревар, исто така поставен оваа сезона.

Инаку, тимот од Охајо е сопственик и на рекордот во плеј-оф натпреварите, исто така поставен против Атланта, минатата година. Уште поголема симболика претставува фактот дека историјата ја испиша Кајл Корвер, некогашниот миленик на Атланта Хокс, погодувајќи за три поени на 1,17 секунди пред крајот на мечот.

За поразените, Тим Хардавеј Јуниор оствари рекорд на кариерата со 36 постигнати поени.