Шеќерот или солта – што е поштетно за здравјето?


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Умереноста е клуч на здравата исхрана и секој кој сака здраво да се храни се обидува да го балансира количеството на внесени разни намирници. Додека со многу намирници тоа лесно ни оди од рака, шеќерот и солта често остануваат наши најголеми непријатели. Каде е границата на конзумација и што се случува во телото ако ја надминеме?

Пред сè, не треба да се заборави дека и шеќерот и солта играат важна улога во нашето тело и дека никако не смееме целосно да ги исфрлиме од исхраната. На мозокот му треба шеќер како извор на енергија, а на мускулите за собирање и отпуштање им е потребна сол. Меѓутоа, претераната конзумација на шеќер и сол може да предизвика здравствени проблеми, како што наведува д-р Никет Сонпал, проф. по медицина на Универзитетот Тоуро, за womenshealthmag.com. Природните шеќери, кои се наоѓаат во овошјето и 100 отсто природните сокови, не се тие кои треба да загрижуваат. „Таквите намирници и пијалоци во себе содржат бројни нутриенти, како витамини, минерали и протеини, кои му требаат на твоето тело” – објаснува диететичарката Кели МекКодри.

Од друга страна, газираните пијалоци, засладените сокови и разна брза храна како енергетски плочки, обично во себе содржат голема количина на шеќер и калории, со многу ниска нутритивна вредност. „Честата конзумација на тие производи веднаш ќе доведат до дебелина и дефицит на хранливи материи”, додава МекКорди.

Од шеќер до појава на дијабетис

Внесот на шеќер предизвикува ист ефект, го зголемува нивното на шеќерот во крвта и така поттикнува производство на инсулин. Инсулинот го внесува шеќерот од крвта во клетките, за да може телото да го искористи за енергија. Кога конзумираш шеќер во претерани количини, тоа влијае на способноста на организмот да создава резерви.

Поточно, „зголеменото производство на инсулин може да доведе до отпорност на инсулин. Телото тогаш почнува да произведува уште поголеми количини на инсулин и така уште повеќе ги полни резервите на маснотии”, објаснува д-р Мардок Кели. Со тек на времето, комбинацијата на отпорност на инсулин и прекумерната тежина можат да доведат до развој на дијабетис тип 2, што те сместува во ризична група за развој на глауком и добивање на срцев или мозочен удар.

За солта се уште се дебатира

Додека околу штетните влијанија на шеќерот речиси сите се согласуваат, делувањето на солта во организмот се уште е тема на многу дебати меѓу експертите. Тоа околу кое сите се согласуваат е дека на твојот организам му треба сол за да ја регулира телесната течност и преносот на информациите меѓу клетките.

Американскиот Центар за превенција и контрола на развој на болести наведува 2300 милиграми сол како препорачана дневна доза, што е еквивалент на една мала лажичка. Истражувањата, пак, покажуваат дека во западните земји луѓето ја надминуваат таа количина. Со години солта се сметала за основен виновник за собирањето на водата во организмот и зголемениот крвен притисок, но тие тврдења се повеќе наидуваат на негирање од научната заедница. Француските научници во 2014 година спровеле истражување на над 8000 возрасни граѓани и не успеале да докажат директна врска меѓу претераното внесување на сол и високиот крвен притисок.

Заклучиле дека очигледно се работи за многу покомплицирана врска од што се мислело и дека солта нема толку силна улога во таа приказна. Сепак, постојат ризични групи кои треба да внимаваат на внесот на солта, на пример постари од 50 години и лица кои веќе имаат зголемен крвен притисок. Шеќерот сепак потенцијално е поопасен. Ако немаш здравствени проблеми на кои солта и шеќерот можат да влијаат и се додека ги конзумираш умерено, всушност немаш некоја посебна причина за загриженост. „Ако баш сакаме да прогласиме едно од нив поштетно, тоа сепак ќе биде шеќерот поради негативното влијание на здравјето”, вели Рејчелд Хеад, експертка за дијабетис.

Д-р МекКорди додава и дека „солта е по потребна за правилна функција на организмот од шеќерот”.