12.000 долари плата за шетање и пиење пиво – еве од каде доаѓа понудата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Летото е периодот кој луѓето најчесто го користат за шетање, дружење и опуштање, а речиси и да нема подобро опуштање од пиење пиво и патување цело лето.

Ланец на пивници од Флорида, World of Beer, објави оглас за практиканти кои ќе се приклучат на програмата Drink It и кои ќе треба да посетуваат различни пивници низ САД и низ светот, да пробуваат различни видови на пиво, да учестуваат на фестивали и настани за пиво и сето тоа да го споедуваат преку социјалните мрежи.

Иако ова не е оглас за постојана работа, праксата трае четири месеци, а Wold of Beer плаќа 12 илјади долари и ги покрива сите трошоци, вклучувајќи го и пивото.

Аплицирањето за праксата е отворено до 26. март, а се аплицира преку веб сајтот на компанијата. За да се пријавите треба да снимите едноминутно видео во кое што ќе ја објасните причината зошто треба да бидете избрани.

Изборот ќе биде направен во април, а избраните среќници ќе имаат можност да го прошетаат светот и пробуваат различни пива.