Сеќавање на големината на Ферги: „Што се замислувате вие? Заради тие луѓе земате плата!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Големината на карактерот на легендата Сер Алекс Фергусон кога стануваше збор за неговиот однос кон навивачите и обожавателите на Манчестер Јунајтед, е докажана безброј пати, низ многу примери. Со сигурност тој е еден од најголемите тренери во историјата на фудбалот.

Освен тренерското знаење Ферги беше човек со манири поради кои сите го сакаа и беше омилен помеѓу навивачите. Сега една анегдота која докажува дека тоа е така раскажа Патрис Евра.

„Игравме пријателски натпревар и сите уморни влеговме во автобусот. Претходно поминавме низ редот навивачи и тогаш никој од нас не даде автограм. Ферги за разлика од нас играчите се потпишуваше можеби 45 минути, веќе знаевме дека погрешивме. Дојде во автобусот и беше лут на нас викаше – што се замислувате, кои сте вие!? Ајде сите надвор да поделите автограми. Не заборавајте дека поради тие луѓе надвор вие сте тоа што сте и поради нив зимате плата. Таков беше Ферги, посебен и голем“, раскажа Евра.