Home Шоубизнис Ламар Одом заработил над 50.000 долари за само осум дена на „Онлифанс“

Ламар Одом заработил над 50.000 долари за само осум дена на „Онлифанс“

Ламар Одом заработил повеќе од 50.000 долари за само осум дена на платформата „Онлифанс“. Ова за „Пипл“ во неделата, на 8 ноември, го потврдил претставник на 47-годишниот поранешен НБА-кошаркар.

Одом го отвори профилот во октомври, а во описот напиша: „Ме гледавте на теренот. Ме гледавте на телевизија. Сега запознајте ме каков што навистина сум. Малку поличен. Малку поразигран. И една страна од Ламар што досега не сте ја виделе“.

„Влезете во мојот свет“, порача тој.

Во изјава за „Ас викли“ во октомври, Одом, кој тогаш имаше 46 години, објасни дека платформата му овозможува поинаков однос со обожавателите.

„Со приклучувањето на ’Онлифанс‘ добивам можност да се поврзам со моите обожаватели на сосема поинакво ниво, без сите тие филтри. Што може да очекувате? Од сè по нешто, неколку изненадувања, а можеби и работи што не би ги очекувале од мене. Засега нема да откривам премногу. Само знајте дека останувам свој и дека ништо не е исклучено“, изјави тој.

Поранешниот крилен центар на Лос Анџелес лејкерс за ТМЗ рече и дека очекувал осуди поради одлуката да се приклучи на „Онлифанс“, платформа популарна меѓу креаторите на содржини за возрасни.

Клои Кардашијан и Ламар Одом

„Луѓето ќе слушнат ’Онлифанс‘ и веднаш помислуваат на едно нешто, но јас не сум тука да ви кажувам што ќе видите, а што нема. Имав прилично бурен живот“, рече Одом.

Според ТМЗ, неговата девојка, агентката за недвижности од Лос Анџелес Рејчел Бредли, исто така отворила профил на платформата, а двајцата во иднина би можеле да објавуваат и заеднички содржини.

Одом беше во брак со 42-годишната ријалити-ѕвезда Клои Кардашијан од 2009 до 2016 година.

Во неодамнешна епизода од „Кардашијанс“ на „Хулу“, Клои и нејзината мајка Крис Џенер се присетија како го затекнале Одом на оргија во периодот кога неговите проблеми со злоупотребата на супстанции биле најтешки. Во 2015 година, поранешниот кошаркар беше пронајден без свест и падна во кома.

„Ќе го извлечеме од таа ситуација, бидејќи овие проститутки го држат како заложник“, раскажа Џенер за тогашните случувања.

„Обезбедувањето на Клои влета во собата“, додаде таа, по што Кардашијан продолжи: „И сè што видов беше дека буквално мастурбираа во круг. Во собата имаше 20 луѓе“.

„Ова само ме зацврстува во одлуката никогаш повеќе да не бидам со некој со вакво однесување“, рече Кардашијан пред камерите. „Требаше и ова да го ставам на списокот со желби за партнер. Можеби треба да додадам: без групна мастурбација и без оргии. А можеби и без тешки дроги“.


Извор: US Weekly

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Роби Вилијамс за сличностите со песната на Оливија Родриго: „Немам намера да ја тужам“

Роби Вилијамс се огласи по споредбите на новата божиќна песна на Оливија Родриго со негови…