Џабе скокаш, Ноле, и ти ќе мораш: Надал контра Ѓоковиќ за вакцината против коронавирус


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Откако светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ се огласи во јавноста изјавувајќи дека би бил категорично против принудно и задолжително вакцинирање против коронавирусот, поради што беше нападнат од многумина, сега контра овој негов став со изјава излезе уште еден од најдобрите тенисери на денешницата – Рафаел Надал.

Ѓоковиќ во својата изјава беше категоричен и дециден дека генерално е против задолжителното вакцинирање против коронавирусот. За разлика од него, Надал има сосема спротивен став и му порача на Ѓоковиќ дека „џабе скока“ бидејќи ако сака да продолжи да игра професионален тенис на највисоко светско ниво, ќе мора да се вакцинира.

„Секој има право на избор и став за тоа дали ќе се вакцинира или не, но ако сака да биде професионален тенисер, тогаш ќе мора да се придржува до правилата кои важат за сите. Очекувам вакцинацијата да биде задолжителна, за да се заштитиме, што значи дека и Ѓоковиќ ќе мора да се вакцинира ако сака да игра тенис на највисоко ниво, исто како и јас и сите останати тенисери. Очекувам тоа да биде испишано како правило што сите ќе мора да го следат, како што се рестрикциите за земање лекови за да не дојде до допинг“, изјави Надал.