Роналдо меѓу првите му ја честиташе победата на Нурмагомедов: „Честитки, брате! Твојот татко е горд со тебе“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кабиб Нурмагомедов изминатиот викенд ја одбрани титулата против Гатје, а по борбата објави пензионирање.

Најдоминантниот шампион кој се појавил во УФЦ го одржа ветувањето и поради смртта на неговиот татко ова беше негова последна борба. По борбата Кабиб ги остави ракавиците на подот и емотивно изјави дека не се враќа да се бори без неговиот татко.

Помеѓу оние кои му честитаа на Кабиб беше и Кристиано Роналдо кој е негов добар пријател.

„Честитки брате, твојот татко е горд на тебе“, напиша Роналдо на Инстаграм.