Ристовски искрен и конкретен: Да не се тешиме само дека сме херои, фудбал се игра 90 минути


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во изјавата која ја даде после завршувањето на настапот на Македонија на Европското првенство, страничниот играч Стефан Ристовски брутално искрено си призна дека не е задоволен од она кое репрезентацијата го прикажа на првенството.

Како што порача тој, жали што нашата селекција не успеа да земе бодови на едно вакво големо фудбалско натпреварување.

„Фудбал се игра 90 минути, некои играчи тоа не можат да го сфатат. Да не се тешиме со тоа дека сме херои. Јас планирам уште да носам радости на македонската јавност. Жал ми е што овој квалитет не успеа да исплива на површина. Горд сум на оваа генерација. Од сето ова треба да извлечеме една убава поука. Јас не дојдов да бидам тука турист и жал ми е што не успеавме да земеме бод и да ја израдуваме јавноста“, рече Ристовски.